Во последен момент Владата ги измени правилата за предизборно рекламирање


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Буквално во последните 24 часа пред почетокот на предизборната кампањата, Владата ги смени изборните правила за платено политичко рекламирање, што наиде на остри осуди и реакции од страна на опозицијата.

Во последен момент, доцна синоќа пред истекувањето на вонредната состојба, донесе уредба со која, на опозициската ВМРО ДПМНЕ рекламното време и` е стриктно ограничено на 3 минути. Сега медиумите имаат само неколку часа да потпишат нови договори со партиите, откако претходно АВМУ треба да изготви ново упатство. Министерот немаше прецизен одговор на бројните прашања кои се отворија со овој потег на владата.

Со новите правила, подносителот на листа од редот на двете најголеми владејачки партии, може да користи повеќе од 3 минути време за рекламирање, доколку другата најголема партија од власта се согласи со тоа и и` отстапи дел од времето кое и` припаѓа. Тоа значи дека, доколку СДСМ и ДУИ се договорат, може да си отстапат рекламен простор. Но, од БЕСА, и да сакаат, не може да им отстапат простор на ВМРО ДПМНЕ, затоа што не се подносители на листа. Од ВМРО ДПМНЕ реагираат дека, ова е атак врз опозицијата и медиумите.

Проблемите почнаа со кривичната пријава на БЕСА против АВМУ со обвинение дека времето предвидено за партиите на власт го поделила 50-50 меѓу коалицијата Можеме, предводена од СДСМ, и ДУИ. Просторот за опозициските партии, пак, беше поделен меѓу ВМРО-ДПМНЕ и нивната коалиција “За подобра Македонија”.АВМУ, повикувајќи се на Изборниот законик, остана на ставот дека шесте минути, предвидени за опозициските партии, можат да ги користат ВМРО-ДПМНЕ и нивната коалиција, затоа што БЕСА оди во коалиција со СДСМ.

СДСМ, пак, се повикуваа на известување од ДИК до партиите, меѓу кои е наведена и БЕСА, да достават план за рекламирање. Епилогот следеше ноќеска, со измена на владината уредба.