Во Охрид најавен протест пред отворањето на бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“


Меси против Левандовски -11 ден ↓↓↓



За денеска во Охрид е најавено отворањето на новиот бугарски клуб кој ќе го носи името „Цар Борис Трети“.

ВМРО-ДПМНЕ и Левица најавија протест против отворањето на вториот бугарски културен клуб со име на уште еден соработник на фашизмот. Клубот треба да се отвори во трговскиот центар Амам. Левица повикува на мобилизација за да се „искаже нашиот антифашистички порив. Да го зачуваме достоинството на македонската нација и споменот на македонските антифашистички борци и да не дозволиме рушење на интегритетот на државата“.

Цар Борис Трети бил фашистички државник, слуга на Хитлер и борец против македонизмот „ против уривање на уставниот и државен поредок на Република Македонија и против разгорувањето на национална омраза!

И Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, повика на масовен протест во Охрид. Опозицискиот лидер сепак им порача на граѓаните да протестираат достоинствено и мирно.

„Ова е груба провокација. Не станува збор за процес на интеграција, туку на асимилација, за уништување на македонскиот идентитет. Ова што денеска се случува е шокантно за Македонците, но и Евреите. Тука не гледам никаква потврда Договорот за пријателство да го нарекуваме вака“, рече Мицкоски.

Oтворањето на клубот го осуди и Еврејската заедница во Македонија. За нив ова е акт на повампирување на ликови од фашистичкиот период на Бугарија.

Министерство за надворешни работи (МНР) вчера повика на зрело и достоинствено однесување на утрешниот протест, без „да се негираат правата и слободите на другите“.

„По повод најавеното отворање на новото здружение на граѓани во Охрид, како и јавните повици за изразување на протест против истото, Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија упатува апел до сите граѓани, политички и неполитички групации за зрело и достоинствено однесување, втемелено врз почитта кон правото на сите граѓани, без разлика на својата етничка припадност, да ја остваруваат својата уставно загарантирана слобода на здружување и за слободно изразување на својот став“, објави вчера МНР.