Во одделни случаи пријавени за исчезнати две лица, едното е малолетна скопјанка


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Вчера во полицијата имало две пријави за исчезнати лица. Во 16 часот во полициската станица Драчево, С.М. (40) од Скопје пријавил дека на 24 март од 20 часот од нивниот дом во непознат правец се оддалечила неговата седумнеаесетгодишна ќерка.

Додека во 13.30 часот во ПО Камењане, Р.М. (48) од с.Камењане пријавил дека на 25март во 11 часот од неговиот дом излегол неговиот внук И.С. (41) од с.Долно Палчиште и заминал за Тетово, но до моментот на пријавувањето не се вратил.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата, велат од МВР.