Во очи на почетокот на Вимблдон: Енди Мари и сопругата Ким очекуваат второ дете


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Вимблдон само што не започнал, а шампионот кој треба да ја брани титулата, Енди Мари, веќе слави, но не поради натпреварувањето, туку поради веста дека неговата сопруга Ким е бремена со второ дете.

Парот кој веќе ја има 17-месечната ќерка Софија, за радосната вест ги извести семејството и пријателите. Веќе почнаа да кружат и шпекулации дека ова би можело да влијае врз изданието на Мари на теренот.

Енди титулата од Вимблдон ќе почне да ја брани утре, а британските медиуми пишуваат дека форма, како физичка, така и психичка, се под знак прашалник.

Кога се роди Софија, Енди рече дека семејството станува негов приоритет.

„Сопругата и ќерката ми се поважни од тенискиот меч. Тоа е голема промена за нас двајцата, но е приоритет“, потенцираше тенискиот ас тогаш.

Поради повреда на колкот откажа два егзибиционистички меча кои требаше да бидат одржани во петокот, но во саботата вежбаше три часа после што кажа дека се чувствува добро.

Претходно овој месец, Мари изјави дека ги пропуштил првите чекори и првите зборови од Софија бидејќи бил на прекуокеански турнири, што многу тешко му паднало.

Минатата година му беше спектакуларна на професионален план, бидејќи стана најмладиот тенисер кој ги освоил Вимблдон и Олимпијадата по втор пат.

Утре игра против Русинот Александар Бублик, кој е на 134 место од официјалната ранг листа.