Home Актуелно Во најпродуктивната држава на светот еден работен час се плаќа 83 долари

Во најпродуктивната држава на светот еден работен час се плаќа 83 долари

Работниците во Ирска заработуваат 83.1 долари за еден работен час. Според БДП и работните саати, оваа земја е на прво место на листата со најпродуктивни држави во светот.

Зад нив се работниците од Луксембург со 81.2 долари на час. Понатаму, трети на листата се работниците од Норвешка со 79.2 долари на час.

64.6 долари по работен час имаат во просек Белгијците. Со 63.5 долари по работен час Данците се петти на листата.

Според податоците на Организацијата за економска соработка и развој, 63.3 долари по час заработуваат во просек работниците во САД, а Холанѓаните 61.7 долари.

Французите имаат 60 долари, Германците 59.9, додека Швајцарците 58 долари на час.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…