Во минатото зболните од овие болести ги обвинувале за вештерки или демонска опседнатост


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Без напредното медицинско знаење кое го имаме денес, авторитетите во минатото некои тогаш необјаснети или чудни медицински феномени ги сметале за вештерство или за демонски влијанија.

Еве кои од денес многу добро познатите медицински состојби биле сметани за такви:

1) Епилепсија

Од оваа невролошка состојба која предизвикува напади со нарушување на електричната активност на мозокот се жртви околу 65 милиони луѓе ширум светот, од кои 3 милиони во САД. За време на нападот, личноста станува збунета, а потоа ја губи свеста, при што не реагира и доживува тресење, грчеви или конвулзии.

Сето ова губење на контролата на телото ги плашело неинформираните посматрачи во минатото, кои биле доволно исплашени за да ги обвинуваат жртвите на нападите за вештерство.

Цитати од 1400-тите години од религиозни текстови наречени “The Malleus Maleficarum” велат „Не постои телесна слабост, дури ни лепра или епилепсија, што не може да биде предизвикана од вештерки…Одредени луѓе со епилепсија или „болеста на паѓањето“ ја добиле преку јајца кои биле закопани со мртви дела на вештерски при одредени церемонии и кои им биле ставени во храната или пијалакот“.

2) Ментални заболувања

Бидејќи менталните заболувања како шизофренијата или нарушувањето на дисоцијативниот идентитет можат да предизвикаат емоционални промени како и промени во однесувањето, биле демонизирани, стигматизирани и погрешно разбрани уште веднаш кога биле откриени. Врз ментално болните луѓе биле вршени егзорцизми за бркање на ѓаволот или „злите духови“ кои ги опседнале, а според бројни записи од тоа време се смета дека голем број од наводните вештерки или опседнати луѓе кои биле јавно палени имале видливи ментални пореметувања.

За жал, некои култури низ светот сè уште веруваат дека вештерството стои зад менталните заболувања, па се случува ментално заболените да бидат жртви на напади од населението, кои се одобрени од религиозните лидери.

3) Труење со ергот

Кога луѓето јадат храна контаминирана со габата ергот, можат да покажат симптоми слични на оние од епилепсијата или некои ментални пореметувања, како што се насилни мускулни грчеви, повраќање, халуцинации, чувство дека нешто ползи врз кожата и слично, од кои сите биле спомнати во записите врзани со судењата на вештерки во Салем.

Токму таму ‘ржаните култури најверојатно биле инфицирани со оваа габа, од која се произведува халуциногената дрога LSD.

4) Енцефалитис летаргика

Некои сметаат дека ова е уште една погрешно протолкувана состојба која довела до палење на луѓе на клада. Оваа болест за која сè уште не се знае точната причина предизвикува воспалување на мозокот и е пропратена со треска, главоболки, дупла визија, одложени физички и ментални реакции, и летаргија. Може да доведе и до кома, а пациентите доживуваат и абнормални движења на очите, слабост во горниот дел од телото, мускулни болки, тресење, вкочанетост на вратот и промени во однесувањето.