Home Актуелно Во мензата од „Леар“ пронајдени неколку различни вида на бактерии

Во мензата од „Леар“ пронајдени неколку различни вида на бактерии

Лабораториските испитувања направени во мензата на фабриката „Леар“ покажале зголемено присуство на аеробни и мезофилни бактерии во јогуртот и крем сирењето, присуство на бактеријата стафилококус ауреус во нос кај вработеното лице кое ја делело храната, како и на работната маса за чување на резервна храна, соопштуваат од Агенцијата за храна и ветеринарство. Во соопштението се вели:

„Агенцијата за храна и ветеринарство ги доби резултатите од лабораториските испитувања на земените мостри храна и брисевите од  тетовската фабрика Леар, каде  на  8 јули ова година 25 работници покажаа лесни знаци на труење со храна. Со извршените анализи не се изолирани патогени бактерии во земените мостри храна ( алва, леб, вакумирана салама пилешки гради, јогурт, крем сирење, вода за пиење).

Детектираното зголемено присуство на аеробни и мезофилни бактерии во јогуртот и крем сирењето, ги прават овие производи потенцијално ризични за употреба, иако аеробните и мезолфилните бактерии не се  дел од микробиолошките критериуми за испитување на безбедноста на храната, туку, упатуваат на недоволно добра хигиенска пракса во услови на екстремно високи надворешни температури .

Дадени се препораки за строго спроведување на добра хигиенска пракса кои се однесуваат на делење на храната во пократок временски рок, нејзино адекватно чување и транспорт со запазување на студениот синџир, одржување на личната хигиена и носење на работни одела на вработените кои работат со храна.

Од земените брисеви, утврдено е присуство на бактеријата стафилококусауреус во нос кај вработеното лице кое ја делело храната,иако имал извршен санитарен преглед и уредно заверена санитарна книшка. Ова лице со храната немало директен физички контакт, бидејќи таа делела на работниците спакувана и вакумирана во поединечни пакувања за секој вработен.

За оваа недоследност наложено и извршено е отстранување на ова вработено лице од работното место, се до негово комплетно излекување.

Кај земениот брис од работната маса за чување на резервна храна, со анализите утврдено е присуство на бактеријата стафилокока, за што од страна на инспекциските служби се изречени и спроведени мерки за генерално механичко чистење  и дезинфекција на мензата.

Агенцијата за храна и ветеринарство изврши вонредна контрола и кај добавувачот на храна за мензата во фабриката Леар, при што се земени и мостри за лабораториско испитување. Резултатите од овие лабораториски испитувања до Агенцијата сеуште не се пристигнати“, се вели во соопштението од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…