Home Актуелно Во манастирот Свети Прохор Пчински поставено спомен-обележје на АСНОМ

Во манастирот Свети Прохор Пчински поставено спомен-обележје на АСНОМ

Денеска, по повод чествувањето на големиот македонски државен празник Илинден, во параклисот на манастирот Прохор Пчински во Република Србија е поставена спомен плочата за одржувањето на ова место на првото заседание на АСНОМ на 2 август 1944 година, пренесува дописникот на МИА од Белград.

Двојазично, на македонски и на српски јазик, пишува „На 2 август 1944 година на ова место е одржано Првото заседание на Антифашистичкото собрание на Народното ослободување на Македонија, каде народните избраници донесоа историски одлуки со кои се воспостави државност и самобитност на македонскиот народ изразувајќи ја својата определба да живеат заедно со народите на Југославија“.

На ова место денеска државнo-црковна делегација предводена од претседателот Стево Пендаровски, министерката за одбрана, Славјанка Петровска, пратениците во Собранието на Република Северна Македонија, Мирослав Јовановиќ и Лидија Тасевска, Кумановско-осоговскиот митрополит г. Григориј и Епископот Стобиски г. Јаков, како претставници на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, како и претставници од Сојузот на борците на НОБ ќе постават венци.

Од српска страна, на чествувањето ќе присуствуваат министерот за надворешни работи на Република Србија, Никола Селаковиќ и Епископот врањски г. Пахомије, како претставник на Српската Православна Црква.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…