Пад на цените на нафтата на светските пазари


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Цените на нафтата доживуваат пад на меѓународните берзи како последица на најновите податоци кои укажуваат на забавување на активноста во кинескиот и јапонскиот индустриски сектор, а со тоа и на изгледите за глобалната побарувачка на нафта.

Цената на барел нафта на лондонскиот пазар падна за 1,42 долари во однос на петокот, на 102,55 долари. На американскиот пазар барелот се тргуваше по пониска цена од 1,85 долари, од 96,77 долари.

Мерките за ограничување на движењето поради ширењето на заразата со коронавирус го запреа краткото закрепнување на фабричките активности во Кина, најголемиот увозник на сурова нафта во светот.

Јапонската производна активност, пак, во јули порасна со најниска стапка во последните десет месеци.

Цените на нафтата во Лондон и на американскиот пазар го завршија јули со втора последователна месечна загуба за прв пат од 2020 година, бидејќи зголемената инфлација и повисоките каматни стапки ги зголемуваат стравувањата од глобална рецесија, која ја намалува побарувачката за гориво.

Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и сојузниците, вклучително и Русија, заедно познати како ОПЕК+, ќе се состанат в среда за да одлучат за производството на групата во септември.