Home Актуелно Во Македонија регистрирани 48 нови случаи на Ковид-19 во последните 24 часа

Во Македонија регистрирани 48 нови случаи на Ковид-19 во последните 24 часа

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:

Направени се 1.192 тестови, а регистрирани се 48 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 42, Кавадарци – 3, Гостивар – 2 и Прилеп – 1

Од вкупниот број на позитивни (48), регистрирани се 7 реинфекции.

Регистрирани сe 253 оздравени пациенти од: Скопје – 169, Куманово – 17, Битола и Прилеп – по 13,Кавадарци – 10, Гевгелија – 5, Струмица – 4, Тетово, Ресен и Виница – по 3, Велес ,Гостивар и Кочани – по 2, Кичево, Неготино, Радовиш, Валандово, Богданци, Македонски Брод и Демир Капија – по 1. Во текот на изминатите 24 часа, се регистрирани 2 починати лица од: Струга (64г) и Прилеп (63г) , сите лица се починати во болнички услови.

Од вкупниот број на починати лица ( 2 ), кај сите лица се регистрирани коморбидитети.

Направени се 1.192 тестови преку: ИЈЗ-62, ЦЈЗ Скопје-0, ЦЈЗ Битола-0, ЦЈЗ Прилеп-28, ЦЈЗ Тетово-0, ЦЈЗ Куманово-5, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–0, Жан Митрев (Филип Втори)-46, Авицена-56, Биотек-140, Систина-41, лабораторија Лаор-0, Синлаб-0, Ремедика-0, Плодност-0, Генеа-0, Никоб Лаб-181, ВФВ Медикал-22, Ели Медика Плус-15, Ројал Медика–0, Спектра-ММ-0, Рапид Лаб–9, Жан Митрев Струмица–0, Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 587.

Досега во земјата се направени вкупно 1.955.058 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 305.114, бројот на оздравени пациенти е 294.072, на починати е 9.208, а бројот на активни случаи изнесува 1.834.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…