Home Актуелно Во Македонија регистрирани 110 нови случаи на Ковид-19 во последните 24 часа

Во Македонија регистрирани 110 нови случаи на Ковид-19 во последните 24 часа

Според податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа од направени 894 тестови регистрирани се 110 нови случаи на КОВИД-19, од кои 18 реинфекции, како и 42 оздравени пациенти. Во истиот период нема регистрирани починати лица, информира Министерството за здравство информира.

Од новорегистрираните 110 случаи на КОВИД-19 од Скопје се 72, Битола 8, Куманово 6, Кавадарци, Штип и Неготино по 4, Кочани 3, Прилеп и Гостивар по 2 и Струмица, Кичево, Струга, Ресен и Богданци по 1.

Меѓу регистрираните 42 оздравени пациенти од Скопје се 34, Кочани и Охрид по 2 и Кавадарци, Штип, Тетово и Гевгелија по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 2.074.132 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 313.160, бројот на оздравени пациенти е 303.396, на починати е 9.322, а бројот на активни случаи изнесува 442.

 

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…