Меси и Фабрегас со фамилиите мерачат во најлуксузната вила на Ибица


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Лионел Меси ужива во заслужениот одмор со својата сопруга Антонела Рокузо по тешката сезона во редовите на Пари Сен Жермен.

Асот на популарните „светците“ и неговата поубава половина уживаат на Ибица во друштво на долгогодишните пријатели уште од редовите на барселона Сеск Фабрегас и неговата сопруга Даниел Симан.

Судејќи по фотографиите, тие одлично се забавуваат и топлите денови ги поминуваат на луксузна јахта на Ибица.

Секако, атрактивната Антонела повторно е во центарот на вниманието, таа плени со својата убавина и му ја украде славата на својот многу попознат сопруг.

Веселото друштво ужива во вила на Балеарските Острови чие неделно изнајмување чини фантастични 300.000 евра. Луксузната викендица има „целосна услуга“, а за Меси и неговите гости се грижат дури 22 лица.

Вилата има шест спални соби, теретана и „олимписки базен“ и според многумина е најубавата вила во Шпанија.

Летото на Ибица е потопло од кога било кога ќе се појави убава Аргентинка, пишуваат фановите на Меси.