Home Актуелно Во КПД Идризово почина Реџаил Ќерими кој беше осуден на доживотен затвор за нападот на полициски „алфи“ кај ПМФ

Во КПД Идризово почина Реџаил Ќерими кој беше осуден на доживотен затвор за нападот на полициски „алфи“ кај ПМФ

Доцна синоќа во затворот „Идризово“ починал Реџаил Ќерими, еден од осудените на доживотен затвор за нападот на полициските „Алфи“ кај Природно математичкиот факултет во Скопје.

Од МВР за Фокус потврдиле дека има пријава за починат затвореник на педесет и двегодишна возраст. Телото на починатиот не е дадено на обдукција, туку на семејството за погреб.

Во нападот во 2008 година на паркингот кај Природно-математичкиот факултет беше убиен полицаецот Африм Арифи, а двајца припадници на „Алфите“ беа тешко повредени.

За овој напад на доживотен затвор беа осудени Реџаил Ќерими, Агим Ислами и Алмир Дрпљанин, додека Рамадан Шаќири беше осуден на девет години затвор. Одбраната на осудените бараа да се повтори судењето, а семејствата тврдеа дека осудените за нападот се невини.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…