Home Спорт Во Каталонија тврдат: Букскетс пред трансфер во Јувентус!

Во Каталонија тврдат: Букскетс пред трансфер во Јувентус!

Италијанскиот шампион Јувентус е многу блиску до потписот на играчот за врска Ориол Бускетс, тврди доброинформираниот „Мундо Депортиво“.

19-годишниот Бускетс, кој игра за младинците на Барселона, е без договор па „старата дама“ има можност да го донесе како слободен агент ова лето.

Играчот за врска важи за еден од најголемите таленти во Шпанија и му се предвидува блескава иднина, меѓутоа повредата го оддалечи од првиот тим на Барселона оваа сезона.

За него интерес покажуваат многу европски гигнати, но Јувентус се избори со конкуренцијата и е блиску до потпишување на договор со Ориол Бускетс.

Треба да се напомене дека Ориел не е во никаква роднинска врска со ѕвездата на Каталонците, Серхио Бускетс.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…