Home Вебкафе Во Јужен Синај пронајден еден од најзначајните и најважни ракописи во историјата на човештвото

Во Јужен Синај пронајден еден од најзначајните и најважни ракописи во историјата на човештвото

Научници од Египет пронајдоа ракопис за кој сметаат дека е оригинален текст напишан од таткото на западната медицина Хипократ.

Ракописот испишан на иструган пергамент, кој е откриен во текот на реставрација на библиотеката во манастир „Св. Катерина“ во Јужен Синај, создржи рецепт за лек што му се припишува на Хипокрaт.

Рецептот е пронајден при скенирање на друг ракопис испишан преку оригиналниот текст.

– Станува збор за пергамент на кој последниот ракопис е стар најмалку 1500 години и тој ќе биде меѓу најстарите и најважните ракописи во светот, изјави професорот Мајкл Филипс.

Тој додава дека засега се уште не се знаеза каков рецепт станува збор, но нагласува дека покрај текст на пергаментот има и цртежи на билки.

Монасите пишувале преку него, најверојатно затоа што пергаментот во почетокот на новата ера бил многу скап.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Долче фар ниенте: Како „ништо не правење“ може да биде најпродуктивната работа

Заборавете ја вината и препуштете се на чиста лењост — каде и да ве затекне летово, еве ка…