Home Актуелно Во Израел евидентиран прв смртен случај на пациент заразен со новиот Омикрон сој на коронавирусот

Во Израел евидентиран прв смртен случај на пациент заразен со новиот Омикрон сој на коронавирусот

Во Израел е регистриран првиот смртен случај од инфекција со новиот вид на коронавирусот, омикрон. Според Медицинскиот центар „Сорока“ во Бершева на југот на земјата, починал 75- годишен маж кој боледувал од други болести и примил само две дози од вакцината.

Најмалку 341 лице се заразени со сојот омикрон во Израел досега, соопшти вчера Министерството за здравство. Ова е сè уште само мал дел од илјадниците моментални случаи на инфекција, но бројот на новозаразени со омикрон е двојно зголемен за само еден ден.

Според Министерството, 234 заразени лица се вратиле од странство, додека 29 биле во контакт со повратници од странство, пишуваат израелските медиуми. Стапката на зараза расте во последните денови, но бројките на сериозни случаи на ковид-19 и хоспитализирани се стабилни.

Поради зголемувањето на бројот на заразени и малиот процент на вакцинирани деца, Израел од недела ќе отвори места за вакцинација во трговските центри. Од почетокот на пандемијата, 8.232 Израелци починале од компликации поврзани со инфекцијата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

5 работи што треба да ги знае секое дете на 5 години

Пет години – клучен период во развојот на детето Се смета дека возраста од пет годин…