Во изминатиот месец инспекции извршиле над 33.000 контроли – најмногу се изрекувале предупредувања


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во периодот од 19 март до 21 април шесте инспекциски служби во земјава извршиле над 33 173 контроли во најразлични објекти.

Најголем дел од контролите се од Пазарниот инспекторат – 26 569 инспекции и поголем дел од нив се однесуваат дали се почитува забраната за работа на угостителските објекти и за замрзнатите цени на одредени производи.

За еден месец Пазарната инспекција затворила 162 угосттителски објекти, а виртуелната обиколка на овие објекти низ цела држава покажала дека главно се почитува владината мерка. Во ово период запечатеи се и околу 350 кафемати, кои беа посочени како можен извор на ширење на коронавирусот.

Дури 5 508 надзори се направени во малопродажба и големопродажба за контрола дали се замрзнати цените на некои производи, особено на цитрусните. Притоа генералната оценка е дека мерката се почитува, а онаму каде имало зголемување на цеите од утврдените од 11 март, има препорака тие да се вратат. Но, главно ваквите пријави за зголемени цени, според Инспекцискиот совет биле на почетокот на воведување на мерката, додека подоцна ваквите пријави се многу помалку.

Агенцијата за храна и ветеринарство при контрола на маркети, угостителски објекти, месарници, призводствени капацитети и зелени пазари, вкупно 1 645, изрекла 5 глоби и 675 казнени мерки кои се однесувале главно на немање едукација за безбедно ракување со храна и 64 решенија за лоша хигиенска состојба.

Трудовиот инспекторат во однос на контролата за заштита на работничките права, извршил 3 236 надзори, при што се издадени 42 решенија и 152 укажувања за работодавците, а поголем дел се однесуваат на претставки за непочитување на платено отстуство за дете до 10 години, за самохрани родители, бремени жени и хронични болни.

Генерална оценка на Трудовиот инспекторат е дека во овој период од еден месец поголем дел од работодавачите ги почитуваат препораките за заштита на вработените од ширење на коронавирусот.

Инспекторатот за транспорт извршил 751 надзор, при што е констатирано дека општинскиот сообраќај е редицуран, со интензитет намален за 95 проценти и натаму се редуцира. Во целосен прекин е сообраќајот од Скопје до Тетово и Куманово, како и меѓународниот сообраќај. Контролите на автобуските станици покажале дека се почитува одлуката за 50 отсо намален капацитет на превозот.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат извршил 732 инспекциски надзори, посебно во приватните и јавните здравствени уставови и старските домови за оа дали се запазени прцедурите за заштита на медицинскиот персонал при прием и третман на пациенти со коронавирус.

Агенцијата за лекови извршила 240 контроли на веледрогерии и аптеки, при што нема специфични отстапки, односно се почитува редот и влезот во аптеките и цените на лековите се во согласност со препораките на владата.