Home Актуелно Во градинката „Мајски цвет“ во Карпош се срушил еден од таваните – среќа што тоа се случило за време на викендот

Во градинката „Мајски цвет“ во Карпош се срушил еден од таваните – среќа што тоа се случило за време на викендот

Изминатиов викенд, во градинката „Мајски цвет“ во скопката општина Карпош, Тафталиџе 2 се срушил, во една од училниците се срушил таванот. Сликите и информацијата на Фејсбук профил ги објави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски.

Викендов во Скопје имаше поројни дождови, но се уште нема информација што точно се случило во градинката викендов, но највжно е дека нема повредени.

-Среќа во несреќа е што во градинката таванот паднал за викендов, кога немало дечиња, и нема повредени, ниту жртви. Но, одговорност за ваквата ризична градба, за фушерајот за објект кој згрижува мали деца и за тендерот треба да има, напиша Милошоски.

Инаку според јавно достапните информации, во оваа градинка пред неколку години биле целосно обновени просториите за престој и едукација на деца од осум месеци до три години.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…