Осум пратеници од неговата партија му вртат грб на Слави Трифонов


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Осум бугарски пратеници од партијата Има таков народ (ИТН) му вртат грб на партискиот лидер Слави Трифонов, кој минатата недела реши да излезе од владината коалиција, објави „24часа.бг“.

Тие ќе излезат од пратеничката група на ИТН, но се уште немаат постигнато договор за сорабока со движењето Продолжуваме со промените на премиерот Кирил Петков. Дополнително ќе очекуваат понуди за партнерство, пишува „24часа.бг“.

Осуммината пратеници се организирани од министерот за спорт од ИТН, Радостин Василев кој, според бугарскиот медиум, бил против напуштање на владата.

Во групата осум пратеници се досегашната организациска секретарка на ИТН, Викторија Василева, како и Николај Радумов, Светлин Стојанов, Иво Атанасов, Ивајло Христојв, Дејат Петков, Христинка Иванова и Георги Георгиев.

Со тоа, пратеничката група на Трифонов ќе остане со 13 пратеници, колку што во моментов има и опозициската Преродба.