Home Актуелно Во Германија уапсено второ осомничено лице за убиството на новинарката Маринова

Во Германија уапсено второ осомничено лице за убиството на новинарката Маринова

Откако во Бугарија беше уапсено едно осомничено лице поврзано со убиството на бугарската истражувачка новинарка Викторија Маринова, втор осомничен е уапсен во Германија.

Вториот осомничен, човек на рани 20-ти години, беше уапсен откако ДНК-тестовите и другите докази покажаа дека бил вмешан во силувањето и убиството на Маринова во севернобугарскиот град Русе, според бугарскиот министер за внатрешни работи, Младен Маринов.

„Постои физички доказ за поврзаноста со убиството“, рече Маринов.

Тој го идентификуваше човекот како Северин Красимов, кој живее недалеку од местото на злосторството.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…