Home Вебкафе Во Германија се продава цела населба – почетна цена 125.000 евра

Во Германија се продава цела населба – почетна цена 125.000 евра

За аукцијата на која е понудено целото населено место во Бранденбург, Германија, беа упатени над 40 барања, пренесува агенцијата.

Алвин, населбата со селски амбиент, би требало да биде продадена во сабота, а почетната цена во наддавањето е 125.000 евра.

Водачот на аукциската куќа Кархаузен во Берлин вели дека аукцијата нуди шанса за поволно стекнување со имот.

Купувачот ќе стане сопственик на терен од 16.000 квадратни метри површина среде шума, која вклучува и голем број станбени објекти, се вели во соопштението.

Населбата ја наследиле двајца браќа после обединувањето на двете Германии, а се продава откако еден од нив починал.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Летна еуфорија – Зошто летото нè прави толку среќни? Науката има одговор!

Летото. Море, сонце, смеа до доцна навечер, солена коса и топол песок под стапалата – не е…