Home Актуелно Во Финска укината обврската за задолжително носење заштитни маски во јавниот превоз

Во Финска укината обврската за задолжително носење заштитни маски во јавниот превоз

Патниците во возовите во земјата и во јавниот превоз во Хелсинки отсега можат да патуваат без маски, соопштија од железничкиот оператор ВР и компанијата ХСЛ, која управува со јавниот превоз во главниот град.

Со отстранувањето на ограничувањата, патниците сега ќе можат сами да одлучат дали ќе носат маски додека патуваат.

Условот за носење маски беше во сила од март годинава кога земјата се затвори целосно, првпат од почетокот на пандемијата предизвикана од ковид-19.

Во Финска од почетокот на пандемијата се регистрирани вкупно 153 илјади случаи на ковид, а починаа 1 139 пациенти како последица на болеста.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…