Во добри односи како добри родители, иако не се заедно


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Своевремено еден од најславните холвидуски и шоубизнис парови, Бредли Купер и Ирина Шајк, беа забележани на заедничка дружба во Њујорк со нивната ќерка Леа. Очигледно дека и на двајцата овие дружења им се пријатни.

Бредли Купер и Ирина Шајк останаа добри пријатели по разделбата во 2019-та, а парот заедно се грижи за нивната 4-годишна ќерка. Поради ова, неретко се појавуваат и заедно во јавност.

Најпрво заедно шетале низ Њујорк, а во еден миг Бредли гордо го носеше и венчето на ќерка му. Потоа Ирина и Леа сами ја продолжија прошетката.

Иако актерот и моделот се во одлични односи, јасно е дека не планираат да ја обноват врската, но деновиве се појавија гласини дека Ирина можеби нашла нова љубов – раперот Канје Вест.

Засега Канје и Ирина не се забележани заедно во јавност, ниту, пак, имаат спомнато нешто еден за друг. Па, останува да видиме дали има некаква вистина во овие тврдења.