Home Шоубизнис Внуката од Мусолини го нападна Џим Кери поради негова карикатура

Внуката од Мусолини го нападна Џим Кери поради негова карикатура

Внуката на озлогласениот италијански фашистички диктатор Бенито Мусолини познат како „Дуче“, италијанската политичарка Алесандра Мусолини, го нападна славниот холивудски актер Џим Кери на Твитер, откако тој сподели карикатура на која нејзиниот дедо се обесен со својата љубовница Кларета Петачи.

„Ти си копиле“, со погрдни зборови му порача Алесандра Мусолини на Џим Кери откако дознала за неговата објава на Твитер.

Мусолини и Петачи беа погубени на 28 април, 1945 година, откако беа фатени и заробени од антифашистичките борци.

После поразот на фашистичките сили од страна на партизанските одреди, Мусолини и неговата љубовница Петачи се упатиле кон Швајцарија. Оттаму планирале да се префрлат некако до Шпанија. Откако биле убиени од страна на антифашистите, комунистите нивните тела ги обесиле со главите надолу во Милано и дозволиле луѓето да се изживуваат врз мртвите тела.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Влада Савиќ за односот меѓу ќерката и втората сопруга – Психологот ми рече: Сега имаш дете, внимавај кога ќе ја бираш партнерката

Владан Савиќ, фронтменот на „Магла бенд“, зборува за својот семеен живот. Ќерката Анѓелија…