Актуелно

ВМРО ДПМНЕ: СДСМ и Заев го штитат криминалот на рекетарите

СДСМ и Зоран Заев се ставаат во заштита и промоција на криминалот и продолжуваат да ја бранат Катица Јанева. СДСМ со сите сили се обидува да ја одолговлекува целата постапка за да не може да се спроведе независна истрага која ќе стигне до Зоран Заев кој е главата на овој криминален рекетарски октопод, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Медиумите секојдневно објавуваат нови информации за вмешаност на функционери од СДСМ во аферата Рекет. Затоа СДСМ одбиваат да ја разрешат Јанева, бидејќи со тоа што ја бранат Јанева, тие се бранат самите себе. Повеќе е од јасно е дека наредбите доаѓале од Зоран Заев бидејќи невозможно е Јанева, Боки 13 и Зоран Кичеец цела година да вршат рекет, а за тоа власта да не знаела и да не му давала ветар во грб.

Фактот дека Јанева беше притворена дури по месец дена и што јавниот обвинител постапува по нејзина наредба од притвор говори дека намерите СДСМ и Зоран Заев се Рекет да не добие ефективна правна разрешница.

Невиден преседан и удар врз правниот систем во Република Македонија е јавниот обвинител да постапува по наредба на лице притворено за тежок криминал и злоупотреба на службената положба.

Очигледно е дека Зоран Заев наместо одговорност и соодветни санкции сака амнестија на криминалот и не дозволува професионална истрага за рекетот, а ниту независно обвинителство.

Заев е исплашен човек и знае дека со независен јавен обвинител тој ќе треба да одговара за рекетот, но и за сите местенки кои заедно со Катица Јанева ги конструирале злоупотребувајќи го СЈО.

Потребно е независно обвинителство кое нема да биде компромитирано како што е СЈО и ќе биде ослободено од прангите на оваа криминално рекетарска влада. Затоа потребни се предвремени парламентарни избори за конечно СДСМ и Заев си заминат и да се врати правната држава и довербата на граѓаните во системот во Република Македонија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Advertisements
To Top