Home Актуелно ВМРО-ДПМНЕ нема да ги повлече амандманите за Законот за двојазичност

ВМРО-ДПМНЕ нема да ги повлече амандманите за Законот за двојазичност

Потврдувам дека ВМРО-ДПМНЕ нема да ги повлече поднесените амандмани. Тоа право ни го дава деловникот на Собранието на Република Македонија, Уставот и непотпишувањето на законот од страна на Претседателот на Република Македонија, рече Дафина Стојаноска член на Извршниот Комите на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието на Република Македонија во вечерашното гостување на Македонската телевизија во емисијата „Акцент“.

Стојаноска истакна дека и покрај обидите од владејачкото мнозинство да ги оспори амандманите поднесени од страна на ВМРО-ДПМНЕ, не може, бидејќи тоа е право на секоја пратеничка група која смета дека законот не е добар и не е во интерес на граѓаните.

Таа потенцираше дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ е јасен, а тоа е дека тие немаат ништо против Албанците, но како што рече, сакаат да се унапредат и другите јазици на заедниците, додека овој закон го фаворизира само албанскиот јазик, а со тоа може да ја продлабочи кризата помеѓу граѓаните. За Стојаноска поголем приоритет се законите кои се од интерес на сите граѓани на Република Македонија, а не законите кои што се носат по скратена постапка и закони кои што се носат без присуство на опозицијата.

Стојаноска уште еднаш ја потенцираше причината за отсуството на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието. Како што рече таа причината е притворањето на 12 проценти од нивната пратеничка група и кршење на човекови права каде што пратеничката Пешевска била притворена со пратенички имунитет.

-Да беше толку итен притворот ќе се спроведеше многу побрзо, но започна после 7 месеци. Притворот трае 4 месеци, констатираше пратеничката Стојаноска.

Стојаноска ја искористи можноста јавно остро да го осуди нападот на службено лице, жена вработена во МВР, од страна на партиски активист на ДУИ. Според неа, недозволиво е било каков напад врз жена, а најмалку пак на службено лице кое треба професионално и квалитетно да ја врши својата работа.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…