Home Актуелно ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривична пријава против Џафери

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривична пријава против Џафери

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривична пријава против претседателот на Собранието Талат Џафери, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој на прес конференција во партиското седиште изјави дека неговата партија нема да го признае законот, а по објавувањето во Службен весник, ќе поднесат иницијатива пред Уставен суд за уставноста на закон.

„Имаме флагрантно кршење на Уставот и законите, ја поништија волјата на граѓаните, ова е само чекор кон дното и вие добро знаете дека од оваa одлука никој нема да живее подобро. Само затоa што две париии меѓусебе се договориле за штетен договор, но тоа не е договор прифатен од граѓаните, не е само погазено правото, туку и удар врз соживотот“, рече Мицкоски.

Запрашан за враќање на партијата во Собранието, тој одговори дека ВМРО-ДПМНЕ е државотворна партија и нема да ги напушти масата за преговори за реформските закони. Нивен приоритет е, како што вели, подобра иднина на граѓаните и нема да направат ништо што ќе биде спротивно со интересите на граѓаните.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…