Home Актуелно ВМРО-ДПМНЕ еуфорично прогласува водство на Силјановска пред Пендаровски

ВМРО-ДПМНЕ еуфорично прогласува водство на Силјановска пред Пендаровски

Со информација дека од 43 проценти обработени гласачки ливчиња од вкупниот број на гласачи кои денес излегоа на првиот круг од претседателските избори, нивниот кандидат Гордана Силјановска Давкова води во општини како Охрид, Прилеп, Велес, Битола, Кавадарци, Штип, Аеродром, Бутел, Гази Баба, Кисела Вода и други, опозицискатаВМРО – ДПМНЕ еуфорично прогласи водство на Силјановска пред Пендаровски и победа во првиот круг.

„Радувај се Македонија, ненародната власт е на колена, правдата доаѓа, готови се. Гордана Сиљановска Давкова е изборот на народот. Гордана ќе биде! Народот покажува дека е мудар, енергичен кога треба и секогаш е во право. Правдата доаѓа. Водиме во огромен број на избирачки места и општини, ВМРО ја победува власта. Водиме против кандидатот поддржан од СДСМ, ДУИ, ДПА, ЛДП, НСДП и целата власт!Против народ не се може“ – рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Јанушев.

Според партискиот штаб каде вечерва атмосферата е еуфорична, Силјановска победила во Пехчево, Јагуновце, Градско, Вевчани, Могила, Илинден, Лозово, Радовиш и Ѓорче Петров.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…