Според ДИК: Од 53,76 отсто обработени гласачки ливчиња, води Пендаров со 45,51%


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Според првичните резултати објавени на веб страницата на ДИК од обработени 53,76 отсто од гласовите, води претседателскиот кандидат на СДСМ и Коалицијата Стево Пендаровски со 45,51 проценти, втора е кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска Давкова со 41,28, а трет е кандидатот поддржан од Алијансата за Албанците и Беса, Блерим Река со 11,76 отсто.

Одѕивот во првиот круг на Претседателските избори до 18:30 часот изнесуваше 39,71 отсто од обработени 91,54 проценти од избирачките места проценти или на гласање излегле околу 700 илјади граѓани.

Ова не се локални избори и ВМРО ДПМНЕ бадијала се храбрат. Јасно дека губат во првиот и дека ќе загубат и во вториот круг. Нема да набројувам каде се води Пендаровски, затоа што ова не се локални избори.Стево Пендаровски ќе биде новиот претседател на нашата држава. Пендаровски води со повеќе од два и пол проценти на две третини од обработените податоци. Победата на Пендаровски е повеќе од јасна“ рече генералниот секретар на СДСМ Александар Кирацоски.