Home Спорт Влезниците за дуелите со Грузија и Гибралтар по цени од 250 до 350 денари

Влезниците за дуелите со Грузија и Гибралтар по цени од 250 до 350 денари

Фудбалската репрезентација на Македонија во наредните денови ќе одигра два натпревари на домашен терен.

Прв противник ќе ни биде селекцијата н Грузија, репрезентација против која од последниот дуел носиме убави сеќавања. Во Тблиси ги победивме Грузијците и така обезбедивме настап на Европското првенство. Грузија гостува тука во четврток од 20:45 часот.

После Грузија во вториот натпревар дома ќе се сретнеме со Гибралтар, овој дуел е закажан за в недела од 18:00 часот.

Билетите за двата натпревари се веќе пуштени во продажба и се по цена од 250 до 350 денари. Истите можете да ги купувате – ТУКА.

Македонија после првите две кола во оваа Лига на Нации има четири бода, додека лидер на табелата е Грузија со шест бода, па затоа натпреварот в четврток е од голема важност.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…