Владино поништување на распоредувањата во МВР од страна на министерот Чулев


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Владата на синоќа одржаната владина седница ги поништи решенијата за распоредување во Министерството за внатрешни работи (МВР) кои беа донесени пред три-четири дена од техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев.

Како што соопшти владината прес служба, врз основа на Законот за Влада на Република Северна Македонија, усвоена е одлука за поништување на 89 решенија за распоредување на работно место што ги донесе техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев на 6 и 7 февруари оваа година.

На владината седница беше утврден предлог Законот за јавното обвинителство кој од денеска влегува во собраниска процедура. Власта ја обезбедила потребната двотретинска поддршка од пратениците за негово изгласување. Парламентарното мнозинство смета на гласовите на Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, на Алијанса на Албанците, на Алтернатива и на БЕСА. Се очекува законот по скратена постапка да биде усвоен во Собранието до 12 февруари за кога е најавено распуштање на актуелниот пратенички состав и распишување на предвремените парламентарни избори на 12 април.