Рочиштето за „Рекет“ одложено поради здравствената состојба на Бојан Јовановски


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Еден од првообвинетите во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски, утрово бил прегледан од доктор, жалејќи се на болки во стомакот.

Лекарот констатирал дека Боки 13 не може да го следи денешното судење.

Таквото медицинско известување во судот стаса час и половина откако беше закажано судењето. Судијката Васка Николовска Масевска побара конзилијарно мислење со кое детално сака да ја провери здравствената состојба на Боки.

„Врз притворениот извршен е преглед. Измерен е притисок од 120 со 70, нормална аритмија на срце. Се жали на болки во стомокот, со постојано гадење. На мислење сме дека не е способен да го следи судскиот процес, напишал докторот во известувањето кое го прочита судијката.

Таа истакна дека ќе побара дополнителен преглед  за Јовановски.

„За да се избегнат било какви злоупотреби и манипулација околу неговата здравствена состојба,  судот ќе даде наредба Јовановски денеска да биде конзилијарно прегледан од тим лекари од Клиничкиот центар“, рече судијката.