Home Актуелно Владата ја прифати препораката на КЗБ: Полицискиот час продолжува до 6. април

Владата ја прифати препораката на КЗБ: Полицискиот час продолжува до 6. април

Очекувано, Владата на денешната седница донесе одлука да биде продолжена да биде продолжен полицискиот час во целата државаод 22:00 до 05:00 часот. Одлуката е донесена по препорака на Комисијата за заразни болести. Досегашната одлука истекуваше денеска.

Епидемиолозите и здравствените власти изјавуваа дека резултатите од полицискиот час во изминативе денови треба да се видат веројатно оваа седмица. Последниве десетина дена Македонија е на самиот врв од третиот бран со многу заболени и починати, а масовната вакцинација уште не е почната.

Министерот за здравство, Венко Филипче, неколку пати изјавуваше дека ќе се размислува за порестриктивни мерки ако ситуацијата дополнително се влоши.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…