Home Актуелно Владата и опозицијата се убедени и оптимисти за отпочнување на преговори на Македонија со ЕУ

Владата и опозицијата се убедени и оптимисти за отпочнување на преговори на Македонија со ЕУ

Преку ново писмо за поддршка за почеток на преговорите со ЕУ за членство во унијата, четворица министри, меѓу нив министерот за надворешни на Унгарија, Питер Сијарто и словачкиот Мирослав Лајчак, денес побараа отворање на преговорите со ЕУ за Македонија и Албанија.

Оптимизмот во владата останува. Премиерот Заев убеден дека на министерскиот состанок во Луксембург, кој почнува утре а ќе трае до 18-ти, земјите членки на ЕУ ќе одредат датум за почеток на преговори со Македонија.

И покрај негативниот став на Франција дека нашата земја не треба да добие датум поради неисполнетите реформи, премиерот смета дека Макрон сепак утре ќе даде зелено светло.

„Ние веруваме дека Македонија е по подготвена од било кога да добие датум за преговори и ние секаде каде што имаме прилика лобираме да го добиеме оној очекуван датум за преговори коишто е очекуван можеби повеќе од 10 години“, изјави денес и Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ во одговор на новинарско прашање.

Според информациите кои од свои извори ги има Канал 5 од Франција, се тврди дека вчеравечер Меркел направила голем притисок врз францускиот Претседател Макрон.

Францускиот извор тврди дека уште вечер , на таканаречениот coreper meeting , ќе се донесе позитивн одлука за отпочнување на преговори само за Македонија, но со услов веднаш да се започне со промена на методологијата за прием на нови членки во ЕУ, што значи дека таа методолигија ќе мора да се примени и за останатите членки кои се уште се не ги затвориле сите поглавја.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…