Home Актуелно Владата го усвои предлог-законот за Јавно обвинителство

Владата го усвои предлог-законот за Јавно обвинителство

На синоќешната владина седница, Владата го усвои предлог-законот за јавно обвинителство.

Според владини извори на кои се повикуваат македонските медиуми, се очекува законот да се најде на дневен ред на пленарна седница в среда, 12 февруари – кога е планирано да се одржи и седницата за распуштање на парламентот.На владината седница, според информациите на „360 степени“, до последен момент се усогласувале ставовите меѓу министрите од СДСМ и од ДУИ околу Бадентеровото мнозинство за избор на обвинител во Обвинителството за организиран криминал и корупција.

На седницата, според информациите, присуствувале и министрите од ВМРО-ДПМНЕ Рашела Мизрахи и Наке Чулев, кои гласале „против“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…