Владата го разреши директорот на БЈБ, Лазо Велковски


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Владата го разреши директорот на Бирото за јавна безбедност, Лазо Велковски. До именување нов директор со БЈБ ќе раководи досегашниот заменик директор, Бесир Деари.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, поднесе предлог за разрешување на Велковски откако на Илинден, без решение, со службен џип и обезбедување, ја испратил ќерка си во Грција. Тој сам направил проценка оти безбедноста на ќерка му е загрозена и треба да патува со полициско возило, но за одлуката немал решение.

Велковски работи 27 години во МВР и кариерата ја поминал и во Агенцијата за разузнавање, а по разрешувањето премиерот Зоран Заев рече дека најверојатно ќе остане вработен во МВР.

Велковски го водеше Бирото за јавна безбедност 1 година, и дојде како наследник на Митко Чавков.

Извор: Мета