Home Вебкафе Вкупно обештетување од 380 милиони долари за американските гимнастичарки жртви на сексуална злоупотреба од лекарот Насар

Вкупно обештетување од 380 милиони долари за американските гимнастичарки жртви на сексуална злоупотреба од лекарот Насар

Над 500 гимнастичарки кои биле сексуално злоставувани од Лоренс Насар, поранешен лекар на американската репрезентација, би можеле да добијат обештетување од 380 милиони долари од Американската гимнастичка федерација и Американскиот олимписки и параолимписки комитет, објави Њујорк Тајмс.

Со тоа би се затворило последното поглавје на еден од најголемите скандали во историјата на американскиот спорт. Договорот за спогодба беше објавен во текот на судската постапка во Индијана. Средствата, исто така, ќе ги обештетат олимписките победнички Симон Билс, Мекејла Марони и Али Рајсман.

Жртвите страдале од анксиозност, депресија и посттрауматско стресно растројство, додека некои од нив се обиделе да се самоубијат поради злоставувањето од Насар, извршено под изговор за лекување.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Трејлерот за третата сезона на „Еуфорија“ конечно е објавен – еве што сè се знае досега

Росалија ќе се појави во гостувачка улога, а култната ХБО драма се враќа поцрна, позрела и…