Home Актуелно „Визер Скопски маратон 2019“ утре го менува режимот на јавен транспорт низ Скопје

„Визер Скопски маратон 2019“ утре го менува режимот на јавен транспорт низ Скопје

Поради одржувањето на овогодинешното издание на „Визер Скопски маратон“, утре, сабота, 4 мај, дел од автобуските линии што сообраќаат на трасата на која ќе се одржува маратонот ќе имаат изменет режим на сообраќање, а некои воопшто нема да бидат во функција.

Туристичката линија „Сити тур“ нема да сообраќа цел ден, информираат од ЈСП.

„Линиите 25 и 59А нема да сообраќаат во периодот од 8 до 10 часот. Од 8 до 10 часот, по вообичаената траса ќе сообраќаат 2, 2А, 12 и 19 и сите приградски линии.

Од 7 до 14 часот, по вообичаената траса ќе сообраќаат 2, 2А, 12, 19, 20, 25А, 25Б, 42, 45 и 65В, како и приградските линии 11, 11А, 18, 18А, 32, 47, 47А, 52, 53, 55, 56, 56А, 60, 61, 62, 63, 63А, 63Б, 65, 66, 66А, 68, 69, 71, 81, 118.

По изменети траси, користејќи ги околните сообраќајници, ќе сообраќаат линиите:

3, 3Б, 4, 5, 7, 8, 9, 15, 15А, 16, 17, 20, 21, 21А, 22, 22А, 23, 24, 27, 28, 50, 45, 52, 53, 55, 62, 63, 63А, 65, 65В, 66, 66А, 68, 69, 18А, 47, 47А, 61, 71, 81, 11, 11А, 18, 32, 56, 56А, 60, 118, 57, 59, 31, 41, 51, 67, 70, 74, 58, 73“, се вели во соопштението од ЈСП во кое се додава дека на нивната веб страница www.jsp.com.mk може да се видат трасите на линиите кои ќе возат изменето од вообичаениот режим.

Load More Related Articles
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…