Home Актуелно Вице Заев испрашуван од Александар Николовски во спорот во кој го тужи за клевета

Вице Заев испрашуван од Александар Николовски во спорот во кој го тужи за клевета

Братот на премиерот Зоран Заев, Вице Заев, на денешното судско рочиште во основниот суд Скопје 2, одговараше на прашања поставувани од Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ, кој е тужен од страна на Вице за клевета.

Во обид да да докаже дека Вице е сопственик на многу компании, меѓу кои и на таа за производство на медицинска марихуана „Еленица“, а купил и нелегално плацеви за градба на повеќекатници во Центарот на Струмица, Николовски на тужителот Заев му читаше извадоци од написи во неколку портали.

„Парцелата не е со квадратура што ја пишува порталот, купена е транспарентно и на законит начин, на ’Еленица‘ никогаш не сум бил сопственик, освен порано што сум бил член на нејзиниот надзорен или управен одбор, а во производството на канабис за медицински потреби немам допирни точки. Членови на моето пошироко семејство, мои први братучеди, да. Јас не. Јас сум сопственик на фирмите ’Тотал инженеринг‘ и ’Тотал електрик‘. Сте можеле сè ова да го проверите, а за парцелата за градба, ако ви било нешто сомнително, сте можеле да пријавите во обвинителството. Немате право да ме клеветите и навредувате“, му кажа Заев на тужениот Николовски.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…