Виц: Родителска стратегија


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Му ѕвони Митко на синот во Америка и му вели:

Сине, сакам да ти кажам дека јас и мака ти решивме да се разведеме.

Аман бе, тато! Кај сега баш пред празниците?

Тоа е, веќе не се трпи. Кажи и на сестра ти во Шведска, јас немам сила да и кажам.

Ѕвони синот кај сестра му и кажува, а таа му вели:

Какво оставање! Јас ќе се справам со нив.

Му ѕвони на Митко и му вели:

Не може да се разведете и крај! Не правете ништо додека не си дојдеме со брат ми за Нова година.

Митко го затвора телефонот и вели на сопругата:

Срце, сè оди по планот. Децата ќе си дојдат дома за Нова година и сами ќе си го платат патот.