Виц: Пораки од сопругата


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Се враќа Трпе дома од работа и чита порака на масата:

„Мама е болна, вечерва ќе спијам кај неа“.

Оди во кујната и таму чита:

„Вечерата е во рерната, стопли си ја“.

Оди во спалната и таму наоѓа друга белешка:

„Добра ноќ! Сонувај ме“.

Се изнервирал Трпе и решил да излезе. Се облекол и оди да си ги земе чевлите, кога таму белешка:

„Каде бе, пиле? Каде?!“