Home Актуелно Виталиј Кличко: Се подготвуваме да сме спремни ако Путин даде наредба за војна

Виталиј Кличко: Се подготвуваме да сме спремни ако Путин даде наредба за војна

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, апелираше до меѓународната заедница за поддршка и воена помош за Украина поради, како што тврди, опасноста од руска воена инвазија врз неговата земја.

„Се подготвуваме низ целата земја дека може рускиот претседател Владимир Путин да даде наредба за војна“, напиша Кличко во авторскиот текст објавен во германскиот дневен весник „Билд“.

Поранешниот светски шампион во бокс нагласи дека како војник еднаш се заколнал оти ќе ја брани државата и рекол дека е подготвен да се бори за својата татковина.

Тој напиша дека како градоначалник на украинскиот главен град организира цивилна заштита, а неговите градски власти веќе започнале со интензивирање на регрутирањето и обуката на резервистите за територијална одбрана.

„Ние сме европска земја на која и е потребна европска поддршка повеќе од кога било“, заклучи Кличко.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…