Home Спорт Вимблдон распоред: Федерер стартува со Лајовиќ

Вимблдон распоред: Федерер стартува со Лајовиќ

Роџер Федерер одбраната на титулата на Вимблдон ќе ја започне со дуелот во првото коло против српскиот тенисер, Душан Лајовиќ.

Швајцарецот има отворен пат до полуфиналето во својот дел од костурот, за разлика од Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ кои ќе треба меѓусебно вкрстат во евентуално полуфинале.

Рафаел Надал ќе тргне против Дуди Села од Израел, Новак Ѓоковиќ ќе стартува против Тенис Сандгрен од САД, додека „домаќинот“ Енди Мари ќе се соочи со Беноа Пер од Франција.

Кај дамите, првата носителка Симона Халеп ќе игра против Куруми Нара, бранителката на титулата Гарбине Мугуруза ќе се сретне со Наоми Броди, додека Серена Вилијамс ќе го почне гранслем – турнирот против Аранча Рус.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…