Home Спорт Вилијан потврди: Мурињо ме сака во Јунајтед!

Вилијан потврди: Мурињо ме сака во Јунајтед!

Бразилскиот репрезентативец и играч на Челзи, Вилијам откри дека Жозе Мурињо се обидувал да го донесе во Манчестер Јунајтед во летниот преоден рок.

Вилијан имаше значителна улога во Челзи и под водство на Жозе Мурињо, а сега самиот тој откри дека добил понуда од Португалецот за да му се приклучи во Манчестер Јунајтед.

„Не дојде до конкретна понуда, но постоеше голем интерес, мора да го признаам тоа. Мурињо пристигна во Манчестер Јунајтед и се обиде да ме привлече. Знам за неговиот интерес, тоа значи дека ја почитува мојата работа“, изјави Вилијан.

Англиските медиуми пишуваат дека престојното лето Мурињо повторно ќе се обиде да го ангажира Вилијан и овој пат шансите ќе му бидат поголеми поради сегашниот статус на Бразилецот.

„Ниту еден фудбалер не сака да ги почнува натпреварите од клупата. Да бидам искрен, не сакам ни јас. Сакам да играм цело време“, изјави Вилијан.

„Дејли Стар“ пишува дека Мурињо ќе направи се следното лето да го донесе Бразилецот на „Олд Трафорд“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…