Home Спорт Видете како Карагер за момент стана Мо Салах (видео)

Видете како Карагер за момент стана Мо Салах (видео)

Легендата на Ливерпул и англискиот фудбал, Џејми Карагер работи како стручен коментатор во „Скај Спорт“, каде имаше можност за момент да „влезе во копачките“ на Мохамед Салах.

Карагер ја искористи врвната виртуелна опрема на телевизијата за да го искреира голот на Салах кој го постигна за победа против Саутемптон.

Тој ја искористи опремата за виртуална реалност како би можеле навивачите да видат каква беше позицијата на Салах на теренот и што гледаше напаѓачот додека ја имаше топката во нозете.

„Да, сега ќе станам Салах на неколку секунди“, изјави Карагер и ја стави опремата, а како изгледаше тоа можете да видете во видеото.

https://twitter.com/SkySportsPL/status/1115498726561386497

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…