Home Спорт Видете го новиот тренинг камп на Баерн Минхен (видео)

Видете го новиот тренинг камп на Баерн Минхен (видео)

Германскиот гигнат Баерн Минхен официјално соопшти дека е завршена изградбата на новиот тренинг камп „Bayern Campus“ кој Баварците ги чинеше околу 300 милиони евра.

Комплексот ќе биде користен како младинска академија во која ќе тренираат сите возрасни категории на клубот, почнувајќи од 10 години па се до првиот тим.

Со оваа капитална инвестиција Баерн Минхен само потврдува дека е еден од финансиски најмоќните клубови во Европа, кој со сопствени пари ја збогатува инфраструктурата на клубот.

„Bayern Campus“ е современ тренинг центар кој покрај фудбалските терени ќе има и простории за престој, школување и се што е потребно за развој на младите фудбалери.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…