Видео: Силно невреме со град го погоди Скопје


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Силно невреме проследено со пороен дожд и град го зафати главниот град.

Од УХМР најавија поинтензивни врнежи за попладне во источните делови, каде локално ќе има пообилен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и услови за појава на град. Минималните температури ќе бидат од 13 до 20, а максималните од 24 до 33 степени, пренесува „Макфакс“.

Во Скопје ќе биде променливо облачно околу пладне и попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи. Температурата ќе се движи од 18 до 29 степени.



Градот нема да им исплати штета на сопствениците на оштетените автомобили

Сопствениците на оштетените автомобили нема да добијат оштета од градот по невремето кое ги бутна дрвјата и ги столчи нивните автомобили, објави телевизија Телма.

Искршени ветробрански стакла, каросериски штети, а некои од оштетните автомобили ќе завршат и на буниште. Ветерот дувал со брзина над 80 километри на час, и не може да биде исплатена штета, велат од кризниот штаб на Град Скопје формиран по бурата.

„Луцијан“ е името на бурата која во Македонија навлезе од север, ги корнеше и деценските дрвја. Булеварите останаа блокоирани, сообраќајот пренасочен, а дрвјата се сечаа со моторни пили.

Крововите го издржаа ветерот, освен неколку на постарите станбени згради. Најсериозна опасност предизика уривањето на заштитната ограда на трговскито центар „Беко“ којшто се урива, но во тој момент немало работници и механизација.