Home Спорт Видео: Шутираше пенал за победа, па снема струја на стадионот

Видео: Шутираше пенал за победа, па снема струја на стадионот

Нисколигашкиот фудбал е незаменлив извор на смешни сцени од тревникот. Втрчувања на животни, лоши стартови, срепктакуларни голови…снемување на струја.

Токму тоа им се случи на фудбалерите на Абеу Хилтон Јунајтед и Сент Хеленс Таун, каде што Абеу во 95-та минута, при резултат 0:0 имаше пенал за победа.

Напаѓачот Још Грам ја стави топката на белата точка, и тогаш кога требаше да го изведе пеналот, игралиштето потона во мрак.

Не, никој не ги изгаси рефлекторите, туку тие беа споени на јавно осветлување кое се гаси во точно 22 часот, што значи дека не беше можно повторно да се запалат.

Судијата мораше да го прекине натпреварот со резултат 0:0.

 

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…