Home Спорт Видео: Шампионот блеска и без Дурент, Бостон ја нокаутира Индијана

Видео: Шампионот блеска и без Дурент, Бостон ја нокаутира Индијана

Голден Стејт без својот најдобар играч Кевин Дурент го победи Њу Орлеанс со 110:95, Бостон ја прекина серијата од пет победи на Индијана совладувајќи ја со 108:98.

Гостите одлично го почнаа мечот стекнувајќи се со предност од 14 поени веќе по само 12 минути игра. Но, „воините“ во продолжението комплетно ја презедоа контролата на играта па до полувремето стигнаа на само поен негатива. Во продолжението од мечот шампионот беше подобар и на крајот сосема заслужено славеше со 110:95.

Во отсуство на Дурент, Кари со 27 поени беше најефикасен кај Голден стејт, Томпсон постигна 24. Дејвис реализираше 30 за Њу Орлеанс.

Кошаркарите на Бостон ја прекинаа победничката низа на Индијана од пет триумфи, откако на гостински терен славеа победа од 98-108. Најефикасен во тимот на Селтикси беше Кајри Ирвинг со 25 поени, а Ал Хорфорд запиша 21 поен. Во таборот на Индијана најрасположен беше Мајлс Тарнер со 19 поени.

Резултати:
Шарлот – Сан Антонио 86:106
Филаделфија – Орландо 130:111
Вашингтон – Портланд 105:108
Атланта – Торонто 78:112
Хјустон – Њујорк 117:102
Индијана – Бостон 108:98
Далас – Оклахома 97:81
Голден стејт – Њу Орлеанс 110:95
Јута – Милвоки 121:108
Сакраменто – Клиперс 95:97

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…