Home Спорт Видео: Подолски на спектакуларен начин се раздели со репрезентацијата!

Видео: Подолски на спектакуларен начин се раздели со репрезентацијата!

Лукас Подолски на совршен начин стави крај на репрезентативната кариера, откако во 69-та минутај го постигна единствениот гол на пријателскиот натпревар помеѓу Германија и Англија.

Лукас Подолски по 130 натпревари и 49 постигнати голови се прости од националниот тим, со кој во 2014 година ја освои светската титула.

Тој со капитенската лента ја предводеше репрезентацијата до победата над Англија и го постигна единствениот гол на натпреварот, откако по додавањето од Ширле, од 20-тина метри испрати вистински проектил во горниот десен агол на голот кој го бранеше Џо Харт.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…